Истражувачи во џунглата на северна Гватемала, со помош на напредна ласерска технологија, откриле повеќе од 60.000 структури на древната цивилизација Маите и процениле дека во тој простор живееле десет милиони луѓе.
Според ова видео од воздух, на кое дигитално се отстранети дрвата, научниците успеале да пронајдат куќи, палати, па и пирамида висока скоро 30 метри, за која се верувало дека е брдо.
Истражувањето е овозможено благодарение на авионите опремени со специјални ласери кои можат да “гледаат” низ густа џунгла.