(ВИДЕО) МИСТЕРИОЗЕН БРОД КРИЕ СТРАШНА ТАЈНА: “Крвавата Клотилда” се појави по 160 години

На брегот на речната делта во која реките Томбигби, Тенсов и Мобил се влеваат во истоимениот залив во американската држава Алабама, неодамна се откриени остатоци од Клотилда, последниот брод кој донел робови од Африка во САД.

Под дебелиот слој на кал се појави костур на брод долг 26 метри кој изгорел откако бил закотвен.

Пред неколку недели го пронашол истражувачкиот новинар Бен Рајнес. Тој бил во постојан контакт со истражувачите кои се обидувале да утврдат дали навистина станува збор за познатата Клотилда.

Според првичните информации, станува збор за брод стар 160 години, а пронајден е на само неколку километри од местото на кое изгорела Клотилда. Видливи се и траги на горење, а техниката на градбата на бродот е токму од тоа време.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.