Лото извлекувањето од овој викенд во Ирска, ќе влезе во историјата.
Причината е едноставна – во лото машината се наоѓало топче кое имало “криза на идентитет” – не се знае дали е 33 или 38.
Гледачите се шокирале од она што го виделе, на едно топче биле запишани два различни броеви.
Откако граѓаните јавно го искажале незадоволството, од лотаријата изјавиле дека станува збор за “рефлексија”, односно дека е извлечено топчето со број 38, но поради светлината едната осумка не се гледала добро.
Ф.Г.