Во последниот натпревал на АСОБАЛ лигата ракометарите на Барселона ја совладаа Хуеска и ја заокружија сезоната со максимални 30 победи од 30 одиграни натпревари. Всушност, ова е четврта сезона по ред со максимален број победени натпревари, односно 120 победи со ред. Тоа се поклопува со доаѓањето на Кире Лазаров во Барселона.
Нашиот Лазаров си заминува на крајот од сезоната по четири години (2013-2017) во шпанската екипа, а од наредната ќе ги брани боите на француски Нант. Македонскиот репрезентативец ќе си замине како најдобар стрелец во сите четири сезони во Шпанија со вкупно 513 гола во АСОБАЛ лигата.
Пред последниот натпревар во лигата, двајцата ракометари кои се збогуваа со клубот, беа наградени, а на подарокот на нашиот капитен на македонски јазик пишуваше: Благодарам многу, Кирил !
Ф.Г.