Семејство од Перу тврди дека 7 години е тероризирано од кукла. Тие истакнуваат дека биле сведоци на различни паранормални активности на русокосата кукла со име Сарита.
Ивон Нуњез, мајка на три деца, вели дека куклата ја добиле за подарок од роднина која во меѓувреме починала. Од семејството тврдат дека чудни работи започнале да се случуваат откако роднината умрела.
– Не можевме да ја фрлиме куклата бидејќи таа ние единствен спомен од починатата роднина- вели Ивон.
Кога го притиснувате копчето на куклата, таа за почнува да се моли и да ја кажува молитвата “Оче наш”. Од смејството тврдат дека по смртта на роднината куклата започнувала да се моли и без никој да притисне на неа.
Тие тврдат дека неколку пати, пред спење ја оставале во еден агол, а ја наоѓале на сосема друг. Некогаш се слушале и чудни звуци.
Ф.Г.