Сообраќајот за камиони е запрен на делницата на авто-патот во правец Ниш-Белград, бидејќи товарно возило ја пробило заштитната ограда. РТС објави дека несреќата се случила утрово околу 7 часот кај Мијатовец, а возачот на камионот останал во кабината да виси над реката. Ситуацијата е критична бидејќи возачот е заробен во кабината која виси над реката.
На местото на настанат интервенираат службите, кои се обидуваат да го извлечат возачот.
По автопатот се пуштаат само патнички возила.
Autoput BG Niš preko V Morave izmedju Jagodine ka Cupriji, oprez!!!! pic.twitter.com/KfhEQVbIqq
— Neb (@nebulozer) February 27, 2018