(ВИДЕО) Каков лапсус: Путин никогаш вака не се насмеал

Рускиот министер за замјоделство Александар Ткачев во петокот имаше состанок со државниот врв, меѓу кој беше и претседателот Владимир Путин.

Ткачев на присутните му говореше за успешното искуство на Германија во извозот на производи од животинско потекло.

– Германија годишно продава повеќе од три милиони тони свинско месо во Кина, Индонезија, Јапонија… – рече министерот и предизвика реакција кај Путин.

Индонезија е муслиманска држава, таму не јадат свинско месо, му одговори Путин.

– Јужна Кореја… во што е разликата- одговори Ткачев и продолжи да говори.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.