(ВИДЕО) КОНЕЧНО ОТКРИЕНА ВИСТИНАТА ЗА ЧУДОВИШТЕТО ОД ЛОХ НЕС: Приказната настанала пред 85 години, а само еден човек ги знае сите детали !

Не постои човек кој не слушнал за една од најголемите мистерии – чудовиштето од шкотското езеро Лох Нес.

Илјадници истражувачи и авантуристи се обидувале да го снимат мистериозното чудовиште Неси, но не успеале. Сепак, митот за чудовиштето се пренесува со генерации.

Меѓутоа, Боб Стјуард, пратеник во британскиот парламент, вели дека приказната за чудовиштето е обична измислица и дека има докази за тоа.

Неговиот вујко на смртна постела му ја открил тајната, односно дека пред 85 години ја измислил приказната за необичното суштество од езерото Лох Нес.

А причината за тоа е неверојатна: во 1933 година каснел во школо и трчајќи до таму измислувал “оригинално” оправдување. Тој му рекол на наставникот дека го видел чудовиште во езерото, а наставникот оваа приказна им ја соопштил на локалните новинари. Така е роден големиот мит.

Веќе другиот ден “Инвернес Курие” објавил сензационална статија, а уредникот на весникот од одбрал изразот “чудовиште”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.