(ВИДЕО) КОНЕЧНО ВИСТИНАТА: Не знаеме се за Титаник ! Ова не е прикажано во филмот

titanik-glavna

Поминаа 20 години откако режисерот Џејм Камерон го сними познатиот филм “Титаник”. Постоеле двоумења  во врска со филмската приказна за прочуената трагедија на бродот, кои режисерот сега одлучил да ги исправи.

Камерон во филмот, пред две децении, се трудел да го опфати секој детаљ, но сега како да сака самиот да се преиспита.

Затоа одлучил да сними документарец за потонувањето на Титаник под наслов “Титаник: Дваесетгодишница” (Titanic: 20th Anniversary, во кој сака да ја истражи автентичноста на својот голем хит.

Тој планира во документарецот, со помош на тим на експерти да ја истражи автентичноста на својот филм “Титаник”, користејќи нови историски и научни сознанија за кобната пловидба и трагедија на познатиот брод, која се случила на 15 април 1912 година.

– Кога го пишував сценариото за филмот одлучив да го режирам, сакав секој детаљ да го направам што е можно поверодостоен. Создавав жива историја и морав да направам се совршено од почит кон сите оние кои ги загубиле животите во трагедијата. Но дали направив се како што треба ? Сега имам план, со помош на “Нешнал Џеографик”, најновите научни сознанија и технологијата, сето тоа да го преиспитам – изјавил Камерон.

Ф.Г.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.