Повеќе од 17 милиони луѓе го погледале ова видео по само 2 дена поставување на Фејсбук. Првиот ден од август, Харди Томас на својот профил прикачил видео од експлозија во река. Повеќе од половина милион луѓе го споделиле.
Во описот на видеото пишува дека се работи за гром кој удира во реката и ја предизвикува експлозијата.
– Ако до сега не сте се плашеле да бидете во вода додека грми, вистинско време е да започнете- ова е дел од описот на видеото.
И покрај паниката која ја предизвика видеото, многу луѓе со причина се запрашаа како е можно ова видео да е вистинито.
На крајот се откри дека видеото е автентично и дека не се работи за монтажа. Но тука не е крајот на приказната.
Видеото е вистинито, но не прикажува удар на гром во река како што е насловено. Ако внимателно погледнете, ќе видите дека “молњата” не иде од небо, туку од ридот.
Ова видео за прв пат е поставено во 2012 година, а целта била да се прикаже експеримент со контролирана експлозија на некоја инженерска фирма од Финска. И секако, нема место за паника.
Но сепак, не се препорачува да бидете на отворено кога има невреме и “небесен огномет”.
Ф.Г.