Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, имал ненајавена посета на Пекинг и се состанал со кинескиот претседател Си Џинпинг.
Како што се наведува, Ким од 25 до 28 март престојувал во Пекинг, на неговото прво официјално дипломатско патување од преземањето на функцијата од 2011 година.
Државните медиуми на двете држави потврдуваат дека Ким бил во Кина, како и дека пристигнал таму на повик на кинескиот претседател.
Ким изјавил дека е подготвен за денуклеизација, пренесува агенцијата “Синхуа”.
“Нашата постојана позиција е денуклеизација на Корејскиот полуостров во согласност со волјата на поранешните лидери на Северна Кореја, Ким Ил Сунг и Ким Јонг Ил”, изјавил лидерот на Северна Кореја.