Најбрзиот човек на сите времиња, Усеин Болт, емотивно се опрости од такмичарските настапи на трката на 100 метри во родната Јамајка.
Болт реши кариерата да ја заврши на овогодинешното Светско првенство во атлетика, кое во август ќе се одржи во Лондон, па во Кингстон за последен пат ја трчаше оваа популарна трка пред сонародниците. Секако, иако победи, тоа беше со резултат кој е далеку од неговиот најдобар, односно истрча за 10,03 секунди.
“Никогаш не сум бил понервозен пред трка како што бев денес”, призна атлетската легенда.
Ф.Г.