(ВИДЕО) Здогледа стаорец во купатилото: Ја пушти мачката да го улови, но ваков исход не очекуваше

Во однос на нивната големина, домашните мачки се прилично ефикасни грабливци. Во ловот на помалите животни, нивната тактика на заседа и прикрадување е слична на онаа од леопардот, а по скокот и користењето на канџите, како тигрите.

Дури и добро ухранетите мачки сакаат да ловат птици, глувци и други помали животни од околината. Мачките потоа своите трофеи им ги поклонуваат на своите сопственици. Причината не е јасна, но се смета дека тоа е пријателско однесување.

Меѓутоа, исто како кај луѓето, сите мачки немаат ист “карактер”, односно не се сите пријателски настроени и храбри.

Погледнете:

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.