Искусен сурфер забележа голема бела ајкула на брегот, во близина на неговата куќа, а потоа одлучи да ја спаси.
Бестрашниот Дејл Пирсон најпрво мислел дека се работи за ајкула “морски чекан”, но кога се приближил се шокирал. Тоа била голема бела ајкула долга 4 метри, можеби најопасното суштество кое се наоѓа во океанот.
Иако сфати дека стои на само неколку метри од ајкулата која е причина за смрт на голем број човечки животи, ја игнорираше опасноста и се обиде да ја спаси.