(ВИДЕО) За прв пат по Втора светска војна, Јапонија активираше 1.500 маринци за брзо делување

Јапонија активираше единица маринци за прв пат по Втора светска војна, а овој потег е во спротивност со уставот на државата.

На церемонијата на островот Кјуши во воената база “Сасебо” активирани биле 1.500 припадници на бригадата за брзо делување, пренесува РТ.

Активирањето на маринците е последна одлука за зајакнување на војската, а основната задача на оваа единица е одбрана на оддалечените острови на југозападот на Јапонија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.