(ВИДЕО) ЗОШТО СЕ СМЕАТ НА ПОГРЕБ ?! Оваа фотографија на семејството Буш, Клинтон, Обама и Меланија Трамп го шокираше светот !

На погребот на поранешната прва дама Барбара Буш, која почина на 92 години, присуствуваа првата дама Меланија Трамп и поранешните претседатели Барак Обама и Бил Клинтон со своите сопруги. На заедничката фотографија која е направена после погребот тие се опуштени и насмеани, што ја шокираше јавноста.

Како да се објаснат нивните емоции. Тие не се фамилија, ниту пријатели, ниту пак “играат” за ист тим. Врската меѓу нив е единствено тоа што сите живееле во Белата куќа, најважната резиденција на државата, како претседатели и први дами.

Односот меѓу нив е исто така необичен. Републиканецот Џорџ Буш ја прегрнал сопругата и демократката Хилари Клинтон, а тоа не може да се види често меѓу политичките ривали.

“Фотографијата не е мрачна, иако е погреб. Обама и Клинтон се широко насмеани, Буш се насмевнува како да слушнал виц. Изгледаат опуштено, можеби бидејќи го нема Трамп”, пишува “Гардијан”.

Тоа е можеби единствената работа околу која се сложува оваа група, пишува весникот. Имено Буш, Клинтон и Обама имаат свои причини да го презираат Трамп. Буш постариот откри дека минатата година гласал за Хилари наместо да го поддржи републиканецот Трамп. Буш помладиот рече дека го оставил гласачкото ливче празно. Хилари остана со неостварен сон, а Обама го презира Трамп бидејќи тој тврдеше дека Барак не е роден во САД.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.