Русите ја започнаа акцијата на отстранување американски беспилотни летала (дронови) во Сирија, пренесува американски Ен-Би-Ес повикувајќи се на воени извори.
Русите ги попречуваат сигналите и навигацијата на американските дронови што би имало големи последици по американската операција во Сирија, наведува оваа телевизија.
Тие наведуваат дека Русија се обидува да ја спречи одмаздата на САД над Сириската арапска армија поради наводниот хемиски напад во Дума.
Исто така, се наведува дека Русите веќе извеле вакви операции во Украина минатата година, но и неколку пати, во помал обем во Сирија.
Не е соопштено дали некој од дроновите паднал поради пречките во сигналите.