Фото/ print screen
ЈП „Македонија пат“ на терен ги повлекува сообраќајните табли со досегашниот назив на автопатот „Александар Велики“ на Коридорот 10, а кои согласно одлука на Владата треба да бидат заменети со нови што ќе го содржат името „Пријателство“.
Од Јавното претпријатие за државни патишта информираат дека веќе ги нарачале 19-те сообраќајни табли со новото име. Набавката на новите табли ќе ги чини 4.940.000 денари.
Одлуката за преименување на автопатот и на аеродромот стапи во сила на 14.месецов, откако беше објавена во ЈП „Службен весник“.
Днеска Телевизија “Алсат” објави видео од промената на таблите на автопатот. Старите табли ќе завршат во некој отпад како старо железо.
Погледнете:
ВИДЕО: “Aлсат”