Тим на турски истражувачи во езерото Ван откриле остатоци од замокот Урат, за кого се верува дека е стар околу 3000 години.
Истражувањето го предводел Универзитетот Ван Јузунк Јил со поддршка на локалните власти од провинцијата Битлис.
Археолозите под водата пронашле рушевини за кои се смета дека датираат од железното доба на цивилизацијата на Урат. Се работи за периодот од седимиот до осмиот век пред новата ера, пренесуваат турските медиуми.
Ф.Г.