(ВИДЕО) Долго чувана тајна: Кога се повлекла водата од езерото се појавиле стотици скелети – откриена е мистерија стара 2.000 години

Езерото Рупканд во Индија се наоѓа на 5.029 метри надморска височина, поради што е откриено пред нешто повеќе од 70 години.

Во прашање е глечерско езеро кое поради местоположбата речиси секогаш е замрзнато, но кога мразот ќе се растопи, открива страшна приказна која тука се одиграла пред 2.800 години.

Кога водата ќе се повлече, езерото открива човечки скелети, и тоа стотици. Долго не било познато потеклото на овие скелети, но постоеле многу теории.

Поединци сметале дека тоа се остатоците од кашмирскиот генерал Зоравор Син и неговите луѓе, кои исчезнале на Хималаите во 1841 година, врајќајќи се од битка од Тибет.

Сепак, се докажало дека коските се многу постари, па појавиле се нови претпоставки. Една од нив била дека се работи за коските на индискиот војсководец Мухамед Туглак, која во 14 век е поразена од Кинезите во борбата за границата на Хималаите.

Кога било утврдено дека се постари и од тоа, многу антрополози се свртеле кон теоријата дека тоа се коски на луѓе кои настрадале од непозната епидемија или се жртви на ритуално самоубиство.

Дури пред 10 години тим од научници успеале да утврдат што навистина се случило на езерото Рупканд далечната 850 година пред новата ера.

Во реконструираната верзија на настаните, околу 500 припадници на култот Нанда Деви дошле до езерото во потрага по свежа вода. Тука ги снашло невреме од кое немало каде да се сокријат. Притоа страшното невреме со град ги погубило сите. Дел од скелетите во езерото на себе имаат недопрена облека и коса.

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.