Британката Лиса Кремпс се вселила во новата куќа во англискиот град Мичелдин и во дворот пронашла чуден отвор.
Иако можела да го затрупа, Лиса ја интересирало што се крие таму, па започнала со копање. Изненадувачки, открила засолниште од Втората светска војна.
Локалните историчари сметаат дека засолништето најверојатно го направиле работници од околна компанија.
Woman finds secret bunker under manhole in her back garden – It could have been meant for factory workers. https://t.co/mBdW4U2RF5
— Amy ღ ☢ ★★★ (@amy_baker22) November 28, 2017
Се чини дека засолништето било направено за повеќе луѓе, бидејќи очигледно не се работи за простор за едно семејство. Според друга теорија, бункерот го користеле британските војници.
“Моја мисија е да дознаам што точно значи овој бункер овде”, рекла Лиса. Куќата претходно им припаѓала на постар пар кој таму живел 50-тина години, но бункерот е уште постар.