Во поранешната заедничка држава речиси сите имаа ваков автомобил, популарниот “стоеден”.
Еден од најдолговечните модели на фабриката во Крагуевац, “Застава 101” настанал како копија на “Фиат 128”, со мали измени во задниот дел.
Се произведувал од 15 октомври 1971 година до 20 ноември 2008 година. Произведени се повеќе од милион примероци.