ВИДЕО ВО ЖИВО: Започна протестот против промена на името и против двојазичност во Скопје

Пред Собранието на Република Македонија започна протестот против двојазичноста и промената на името во организација на Македонската координативна мрежа „СУМ“.

Повикот на протестот гласи:

“Стоп за двојазичноста! Стоп за промената на името! Затоа што двојазичноста значи крај за македонскот карактер на државата. Затоа што промената на името значи крај за Македонскиот народ! Промената на името е СМРТ и ИСТРЕБУВАЊЕ за нашиот Македонски народ! За мал народ како Македонскиот промената на името значи наше исчезнување како народ! Промената на името буквално значи културен ХОЛОКАУСТ и АПОКАЛИПСА за македонскиот народ. Денес се соочуваме со најголемата опасност во последните 4000 години – дали ќе преживееме како народ или ќе бидеме истребани? Ова е борба на живот или смрт! Ова е биттка на се или се – или се што имаме ќе спасиме, или се ќе загубиме!

Затоа, сите вас ве повикуваме на голем сенароден протест против културниот холокауст кој ни се подготвува. Дојдете на 26-ти Април во 18:00 часот, пред Собранието на Република Македонија. Заедно да кажеме НЕ на двојазичноста и промената на името!”

Протестот е организиран од Тврдокорни заедно со здруженијата Македонски Обединети Сили, Наши, Христијанско братство, МПЗ „Васил Чакаларов“, Бригада, МПЗ „Пере Тошев’’ – Прилеп, Граѓанска иницијатива за одбрана на името Македонија, Граѓанските иницијативи за одбрана на името Македонија и идентитетот на македонската нација од Охрид здружени во Македонската координативна мрежа „СУМ“




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.