Еден од најмистериозните археолошки локалитети, скриен во срцето на Сибир, на езерски остров, и ден-денес ги мачи археолозите кои немаат одговор за неговото потекло.
Големиот комплекс кој лежи на површината на целиот остров, како што се проценува, стар е најмалку 1.300 години, но никој не знае кој го изградил и со која цел.
На прв поглед, правилната структура на рушевини на островот Пор-Бажин личи на остатоци од тврдина или затвор. Сепак, историчарите изедуваат различни заклучоци, па некои сметаат дека се работи за храм, ритуален центар, астрономска опсерваторија…
По еден век од откривањето на овој остров, научниците не успеале да се приближат до одговорот.
Меѓу Сајанските и Алтајските планини, околу 3.800 километри од Москва, на 32 километри од монголската граница лежи овој локалитет, откриен во 1891 година, а неговото име е “куќа од кал”.
Комплексот е граден со кинески карактеристики, но нема знаци дека долго време бил населен што ја зголемува мистеријата. Главното прашање е: “Зошто е напуштен?”.