Од желудникот на пензионерка од Русија хирурзите извадиле повеќе од 150 клинци и шрафови. Жената има 74 години и во болница ја довеле поради други проблеми, кардио-васкуларни, но со дополнителното испитување се откриле и клинците.
Пензионерката во центарот за кардио-васкуларни болести во Републичката клиника “Николај Семашко” пристигнала во почетокот на декември, се наведува на сајтот на медицинската установа.
На пациентката и била пружена цела потребна помош и нејзината состојба по лечењето била стабилна, но останале непознати причините за повишената телесна температура. Тогаш е направена гастроскопија, како би се проверила можна анемија.
Лекарката Ирина Голишева, утврдила дека грлото на пациентката е во идеална состојба, но затоа ендоскопот открил неочекуван состав во желудникот. Во него се наоѓале голема количина на страни тела.
Пациентката не можела да објасни како клинците и шрафовите се нашле во нејзиниот желудник, бидејќи по мозочниот удар не можела добро да говори.
Според зборовите на нејзините роднини, таа имала и психичко пореметување.