Руските тајни служби денес апсеа терористи во два градови во кои ќе се одржува Светското првенство во фудбал.
Полицијата објави видео од Санкт Петербург на кое е прикажано драматично апсење на на седум мажи поради сомневање дека биле во контакт со терористи. Мажите биле уапсени додека спиеле.
Тројца мажи се уапсени, а еден е убиен кога припадниците на тајните служби ја разбивале терористичата ќелија на Исламска држава во градот Ростов, недалеку од Волгоград.