Во март 2017 година, жена се пријавила во болница во Барнаул во Западен Сибир. Била во 41 недела од бременоста, а до тогаш ниту еднаш не посетила доктор или бабица. Причината била недоверба кон целата медицинска индустрија.
По прегледот, докторите откриле нешто шокантно.
Жената имала вонматерична бременост која е навистина опасна по животот на трудниците и плодот. Жената веднаш била однесена на операција.
Кога хирургот го извадил бебето се случило чудо, тоа било живо и немало никакви последици, а било тешко 4 килограми.
Гордата мајка ја нарекла својата ќеркичка Вероника, што значи победа, а нејзината приказна станала навистина популарна во Русија.
По оваа приказна жената рекла дека ако некогаш повторно забремени, редовно ќе оди на прегледи.