Џурџица Барловиќ била првата пејачка на култниот бенд “Нови фосили” и важела за една од најомилените на просторите на поранешна Југославија.
На нејзиниот моќен и раскошен глас од самиот почеток му предвидувале блескава кариера, а нејзината лубов кон музиката започнала од раното детство.
Ги спакував куферите и им реков на родителите дека заминувам. Да знаев што ме чека сигурно не би мрднала од Сплит – открила таа во едно интервју.
Како пејачка на “Нови фосили” стекнала голема слава, а во 1977 година на Сплитскиот фестивал го воодушевила цел регион со песната “Диридонда”.
Меѓутоа, во 1982 година, Џурџица одлучила да го напушти бендот како би се посветила на семејството, а нејзиното место го зазела Сања Долежал.
– Џурџица не напушти нас и одлучи да го среди својот семеен живот. Ние работевме со брзо темпо. Неа семејството и беше поважно од нас, поважно од настапите, парите. Таа беше родена за мајка, сопруга, а сепак, од друга страна, исто така беше врвна пејачка…и тоа каква ! Никогаш не откажавме концерт, никогаш не и “пукна” гласот- раскажува “лидерот” на “Нови фосили” Рајко Дујмиќ.
Џурџица се омажила за стоматологот Брацо, со кој имала два сина – Хрвоје и Борна. Пред да одлучи да ја напушти групата, пеела дури и бремена, со стомак до заби, не сакајќи да ја разочара публиката.
Починала од инфаркт во Интерната болница во Задар, на 42 години, оставајќи ги зад себе сопругот и двата синови.
– Имаше добро здравје. Затоа се изненадив од тоа. Тој ден кога почина, верувале или не, во мојот стан сите часовници застанаа. Покасно ја слушнав тажната вест – изјавил Рајко Дујмиќ.