Остануваат уште неколку дена до најголемата забава во годината во Македонија. Фестивалот на скарата и пивото “Пиво Фест 2017” и оваа година ќе донесе голема забава и многу изненадувања за сите посетители.
Од четврток 13-ти јули до недела 16-ти јули, сите патишта ќе водат до Прилеп, а тука ве очекува многу музика, вкусна скара, голем избор на ладни пива и доживување кое се памети засекогаш.
Ѕвездите на првата фестивалска вечер “Амадеус Бенд” ги повикаа сите љубители на нивната музика да се упатат во Прилеп, ветувајќи голема и незаборавна забава.
А/Г/