Сирискиот претседател Башар ал Асад се повози низ предградието на Дамаск со својата “хонда”.
Асад снимаше додека возеше низ разрушената Источна Гута. Во видеото не се гледаат припадниците на обезбедувањето, па Асад поминал низ улиците прилично незабележано.
“Одиме во Гута да ја видиме состојбата”, вели тој.
Нагласи дека Гута е од големо политичко, економско и духовно значење за сирискиот народ.