(ВИДЕО) АНТАРКТИКОТ КРИЕ МОРНИЧАВИ ТАЈНИ ПОД МРАЗОТ: Нацистички бази, тајни друштва…

antarktik-piramide-antlantida--600x337

Најладниот континент на Земјата со просечна температура од -55 степени целзиусови, под слоевите на мразот крие мистерија која многу истражувачи не успеале да ја решат.

Тајните на Антарктикот низ историјата биле предмет на интересирање на многу мисии, а познато е дека нацистите и Адолф Хитлер биле многу заинтересирани за откривање на мистеријата на ледениот континент.

Оние кои ги развиваат теориите на заговор сметаат дека на Антарктикот има тајни бази.

Според една од тие теории, нацистите во 1938 година на Антарктикот испратиле голем тим составен од научници, војници и градежници.

Нивното одредиште било Квим Мод Ленд, каде пронашле огромна мрежа од подземни топли реки и пештери. Во најголемата пештера од нив, нацистите ја изградиле “Базата 211”, позната како “Нов Берлин”.

Хитлер бил опседнат со мистицизмот и работите кои не може да се објаснат. Тој исто така бил заинтересиран за НЛО и древната историја, а многу од неговите следбеници го поддржувале во тоа.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.