(ВИДЕО) АМЕРИКАНСКИОТ НАУЧНИК ПРЕД ИСЧЕЗНУВАЊЕТО ОСТАВИЛ МИСТЕРИОЗНА ПОРАКА: Работел со најопасните вируси, се нуди голема награда за било каква информација

Случајот за исчезнувањето на американскиот научник Тимотиј Канигем, кој работел во Центарот за контрола на болести, веќе две недели е тема во американсата јавност, а понудена е награда од 10.000 долари за секоја информација која би помогнала во истрагата.

Тимотиј бил “детектив за болести” распореден во Центарот за контрола и превенција во Атланта, а задачата му била да ги истражува “жешките точки” на јавното здравје и да го истражува постоењето на вирусите Ебола и Зика.

На денот кога исчезнал, од работа си заминал порано, а на неговиот сосед во Атланта му оставил чудна порака.

” Му рекол на мојот сопруг да ми пренеси мене, да го избришам неговиот број од телефонот”, вели Вивијана Тори.

ИСтражувачите велат дека неколку пати ја пребарувале шумата во околината на неговата куќа, но не пронашле ништо.

Како што велат од неговото семејство, во куќата го пронашле неговиот новчаник, кредитните картички, телефонот, автомобилот, па дури и кучето.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.