Жителите на ова мирно место во Австралија, се шокирале кога во соседството се појавил суперагресивен џиновски кенгур. Тој е вистинско чудо на природата, тежок е околу 100 килограми, а често се појавува на игралиштата и ги брка луѓето кои си ги шетаат кучињата, но и играчите на голф.
Овој кенгур изгледа како половина од денот да го троши во теретана, а за него луѓето викаат дека е најголемиот кенгур што некогаш го виделе.
Ф.Г.