Морничавиот процес на правење на кокаин е детално прикажан во новиот документарен филм во кој прочуениот кувар Гордон Ремзи се обидува да открие како се прави оваа дрога.
Филмот е сниман длабоко во колумбиските прашуми.
Работниците најпрво ги сечат лисјата од кока – главната состојка на кокаинот.
Лисјата потоа се ставаат во голема јама која се прекрива со цемент. Да, со цемент, но тоа е ништо на она што следува.
Смесата потоа се прска со сулфурна киселина која е разредена во вода. Сулфурната киселина е една од најсилните неоргански киселини. Таа е многу корозивна и со неа мора внимателно да се работи.
Добиената мешавина се става во буре и се додава бензин. Бензин кој го користат автомобилите.
Кокаинот се одделува од бензинот со помош на киселина од акомулатори.
На крајот на овој процес на дното од бурињата останува чист кокаин.
На тоа се додава сода бикарбона која би требало да го прочисти од опасните хемикалии.
Добиената смеса потоа се суши и готви.
Добиениот производ се разнесува низ светот, каде купците претходно повторно го мешаат со различни хемикалии пред конечната продажба на оние кои го конзумираат.
А/Г/