Додека траела реставрацијата на дрвен кип на Исус Христос од 18 век во црквата Санта Акуеда во селото Сотило, на северот на шпанската провинција Бургос, пронајдена е чудна белешка од 1777 година.
Овој запис испишан со убав ракопис говори за тогашното време, економијата на локалното население, политичките и верските прашања, познати луѓе и други теми.
Се верува дека овој запис во задниот дел на кипот на Исус го сокрил свештеникот Јоакин Мингез кој служел во катедралата во шпанскиот град Бурго де Осма.
Пронајдениот документ е испишан од двете страни.
“Документот од 18 век се појави кога го симнавме Исус од крстот”, изјавила реставраторката Гема Рамирез Миларес.
Кога реставраторите ја извадиле ткаенината од грбот на купот здогледале мал отвор, а во него пронашле белешка.
А/Г/