Балон салата во ООУ “Гоце Делчев” во Прилеп е оставена на милост и немилост да скапува во училишниот двор.
Истата веќе подолг период стои издишана, а за тоа никој ништо не презема. Овој спортски објект кој одлично се вклопуваше во целиот спортски комплекс од тениско игралиште, мултинаменско игралиште и реновираната сала во училиштето, сега врз неа собира ѓубре и вода.
Тоа е резултатот на недомаќинското работење на новите локални власти.
А, што се’ се ветуваше во предизборието од страна на актуелниот градоначалник Илија Јованоски најдобро говори видеото во продолжение: