ВЕЛИЧЕНСТВЕНО: 200 мали ангелчиња во Прилеп го навестија Христовото раѓање (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Повеќе од двестотини мали прилепски ангелчиња, во придружба на родители, баби и дедовци, утрово беа дел од Бадниковата поворка која помина низ прлепските улици и пеејќи ја бадниковата песна „Вечниот Бог“ и го навестија Христовото раѓање – Божик.

Овие ангелчиња ги симболизираат ангелите, кои ја донеле радосната вест за Христовото раѓање и пееле: Мир на земјата а меѓу луѓето добра волја“.

Ваквиот начин на празнување на Бадник претставува една возобновена древна традиција за одбележување на овој празник а преку кој се негува традицијата и културата.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.