ВАРДАР НАПРАВИ ИСТОРИЈА! Скапите ѕвезди на Фенербахче на колена!

thumbs_b_c_ac95445e503d041eb7501ec2b64878fb

Македонскиот шампион Вардар направи историја за македонскиот фудбал. Во реванш дуелот против Фенербахче од плеј-оф фазата за пласман во групите на Лига Европа, црвено-црните во Истамбул го ставија турскиот тим на колена и победија со 1:2.

Првото полувреме помина со доминатна игра на Фенербахче кој ја контролираше играта  и имаше поголем дел од играта во свои нозе. Иако играчите на Фенербахче постојано кружеа околу нашиот шеснаесетник и создаваа шанси, Вардар се покажа како тврд орев и одолеа на овие напади, а во два наврати успешно одбрани и голманот на Вардар Гачевски.

Второто полувреме започна на истиот начин, ѕвездениот тим на Фенербахче повторно тргна фуриозно, а нивните напори вложија со плод во 61-та минута кога при една среќна околност од прекин, топката влезе во нашиот гол, а стрелец беше Нојштадер.

Тоа не ги обесхрабри вардарци кои потоа возвратија со неколку контра напади, па така се редеа шанси за Фелипе, Барсегјан, Николов, а турскиот тим стануваше се понервозен.

Среќата ги прати храбрите, па така во 68-та минута при еден соло дуел Грузиецот во тимот на Вардар со малку среќа успеа да израмни за 1:1 и да го совлада Камени.

Тоа беше малку за вардарци, кои продолжија да доминираат на теренот, а Глигоров во 92-та минута при еден контра напад стави точка на натпреварот и погоди за 1:2.

Среќа за турскиот тим беше разбранетиот голман Камени кој спречи катастрофа во Истамбул.

Со вкупен резултат од 4:1 Вардар патува во групната фаза каде утре ќе ги дознае и противниците.

 

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.