ВАРДАР Е ВО ФАЈНАЛ-ФОР: МАКЕДОНСКАТА ГОРДОСТ ВО ПОХОД ДА ЈА ОДБРАНИ ТИТУЛАТА!

Вардар одново се пласира на фајнал-фор турнирот во Келн.

Во “Јане Сандански” Вардар на крајот загуби со 27:28, но поголемиот број постигнати голови во првиот натпревар (28:29) на гостински терен се причината за пласманот на црвено-црните во последната фаза од Лигата на шампиони и можност за одбрана на титулата.

Вардар го држеше мечот под своја контрола за време на сите 60 минути. На полувремето се замина со резултат 13:13, а второто полувреме продолжи во ист ритам, па вардарци имаа предност од 2,3 и 4 погодоци.

Во самиот финиш на натпреварот при неколку грешки на Вардар во нападот, Кил стигна до израмнување, а веднаш потоа и до водство.

Последниот напад го имаа вардарци, но погодокот на Чупиќ не беше признат, па на крајот резултатот на семафорот беше 27:28.

На фајнал-фор турнирот Вардар ќе се соочи со некој од француските клубови. До сега пласман изборија Нант на Кире Лазаров и ПСЖ, а таква можност има и Монпеље кој од 19:00 часот игра возвратен дуел со Фленсбург.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.