ВАКА СЕ САКА ДРЖАВАТА: Орбан најави закон кој ќе ги забрани НВО организациите на Сорос кои поддржуваат нелегална миграција

Oбединетите Нации го означија предлогот на новиот унгарски Закон како “напад на човековите права”, затоа што ќе и овозможи на државата да ја забрани работата на организациите кои претставуваат закана по безбедноста на државата.

Покрај тоа најавен е и додатен данок за оние организации кои работат со мигрантите во земјата, затоа што таквата дејност ја извршуваат спротивно на одлуката на унгарскиот народ, донесена на референдум, дека не сакаат да прифаќаат илегални мигранти, како и спротивно на политиката на државата – пишува “Ројтерс”.

Oбразложението за носењето на овој закон е дека таквите организации претставуваат ризик по националната безбедност.

Законот е дел од политиката за безбедни граници, на која најостро се спротивстави Џорџ Сорос преку неговата фондација “Отворено општество” и така наречените невладини организации кои примаат пари од неговите фондови.

Портпаролот на комисијата на ОН за човекови права Рупер Колвил рекол дека оваа неоправдана според нив рестрикција е напад на правото на слобода и напад врз човековите права и цивилниот простор.

Владата на Унгарија исто така предвидела и данок од 25% за донациите на НВО кои работат со илегална имиграција. Како што рекол премиерот Виктор Орбан мотивот на законот е да ги одврати илегалните мигранти да дојдат во Унгарија.

“Европската слобода е загрозена и тоа во поголем дел од страна на Сорос”, изјавил унгарскиот лидер.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.