ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ОД ЈКП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА ПРИЛЕП

20620796_1805179426163181_3429887764213789320_n

“Почитувани граѓани,

Поради намалениот доток на вода од Регионалниот водовод „Студенчица“, како и поради големата потрошувачка од страна на граѓаните, ЈКП „Водовод и Канализација“ во водоснабдителниот систем ги активираше Градските бунари. Тоа предизивикува различен режим на движење на водата како и промена на притисоците во градската мрежа, што предизвиукува локални заматувања.
Иако досегашните анализи покажуваат дека водата одговара на правилникот за вода за пиење, сепак како превентива ЈКП „Водовод и Канализација“ излегува со временска мерка- водата пред конзумирање да се преврива 10 минути. Оваа препорака важи до стабилизирање на состојбата. ЈКП ВиК превзема активности и очекуваме во најскоро време целосна стабилизација. 

Ве известуваме дека водата е здравствено исправна и потполно одговара на Правилникот за питка вода, но на одредени места во градот може да дојде до мало заматување.

Според тоа доколку забележите матност Ве замолуваме да не информирате на контакт телефонот 048/421-775 или на нашата електронска пошта [email protected], за истата да биде исперена од стручните служби при ЈКП.

Ви благодариме за вашето разбирање, соработка и подршка!”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.