Булеварот “Гоце Делчев” ќе биде гордост на градот: Прилеп и понатаму модерно ќе се развива (ФОТО)

Централното градско подрачје во Прилеп е едно од најубавите во Македонија. Новите плоштади, зеленилото, уреденоста и чистотата, го направија градот едно пријатно место во кое денес уживаат сите генерации.

Модерното време и зголемениот број на возила во градот, го зголемија и протокот на сообраќај низ централното градско јадро, особено низ булеварот “Гоце Делчев”.

За побрз и побезбеден сообраќај досега локалната самоуправа инвестираше во два кружни текови со монументални обележја на нив, а ќе се градат уште два нови.

Кружен тек  “Прилепски бранители”

Kружен тек “Kaрпалак”

Во новата програма на Марјан Ристески, актуелен градоначалник и кандидат за нов мандат, се предвидува изградба на нови два кружни текови на овој булевар на потегот од поранешната “Градска кафеана” до раскрсницата кај домот за култура “Марко Цепенков”.

За овој проект се предвидени средства во висина од 20.000.000 денари, а рокот на изведба е од 2018-2020 година.

Покрај тоа булеварот “Гоце Делчев” ќе добие и нови современи пешачки патеки од двете страни на потегот од спомен обележје “Карпалак” до “Прилепски Бранители” (хотел Липа).

За оваа намена во програмата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ предвидени се средства во висина од 10 милиони денари.

Овие проекти не само што ќе го олеснат протокот и безбедноста на сообраќајот во централното градско подрачје, туку и ќе му дадат нов современ изглед на овој дел од градот.

 

Александар Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.