Британци, пазете се од прекрасните Русинки – гласи пораката која експертите им ја упатиле на англиските фудбалери за Светското првенство во Русија. Тие се плашат дека убавите Русинки можат да бидат “секс закана” и можат да го одвлечат вниманието на фудбалерите од она што ќе се случува на теренот – пренесува “Спутник”.
Професорот Антони Глис, директор на Универзитетот во Бакингем центарот за безбедност и разознавање, ја пренесол својата загриженост за “Дејли Експрес”, предупредувајќи дека Русинките би можеле да ги заведат фудбалерите на Англија и да ги уценуваат пред големите натпревари за нив.
Според него, Кремљ може да се обиде да ја минира секоја шанса за успех на Англија на овој турнир и смета дека ова е една од тактиките на Москва.
Минатиот месец, “The Sun” извести дека англискиот национален тим ќе пристигне во Русија со нивни сопствени готвачи и храна (вклучувајчи месо, риба, зеленчук, ориз, грав ….) со цел да спречат труење. Англичаните на ова се одлучиле после труењето на поранешниот руски шпиун Сергеј Скрипаљ во Салисбури.
Русија ќе биде домаќин на Светското првенство во фудбал од 14 јуни до 15 јули. Натпреварите ќе се играат во 11 градови, вклучувајќи ги: Москва, Казањ, Калининград, Нижни Новогород, Ростов, Самара, Сарањск, Сочи, Санкт Петербург, Вогоград и Екатеринбург.