Во текот на вчерашниот ден во близина на Ѓавато на магистралниот пат Ресен-Битола е рането лицето М.С. (36), брат на градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.
Според полицискиот билтен во текот на вечерта во 22:30 часот повредениот М. С. заедно со уште едно лице С. Ф. враќајќи се од лов, се паркирале на паркинг на патот Битола- Ресен и додека биле надвор од возилото С. Ф. му ја дал наполнетата пушка на М. С., и потоа С.Ф. се одалечил од возилото. Но потоа се слушнал еден истрел и го видел М. С. како лежи покрај возилото.
Ранетиот бил однесен во Клиничката болница Битола, по што му бил извршен хирушки зафат.