Неговиот единствен проблем не е лакотот, повредите се последица на убиствениот распоред на турнирите, вели поранешниот тренер на српскиот тенисер и истакнува дека слична мака имаат и другите играчи.
Ѓоковиќ морал да оди на операција кога сфатил дека друго решение нема. Изгледа закрепнувањето оди по планот, зашто Новак почнал да тренира и најавува учество на Индијан Велс.
Сепак, злоставувањето на телото на терените кое траело повеќе од една деценија, како што се изразил Бекер, оставило трага и на останатите витални функции на некогашниот светски тениски првак.
– Tенисер никогаш нема само една повреда. Кога играте грен слем турнир, имате седум мечеви во две недели, а верувајте, тогаш нема што не го боли, а не само лакотот.
Ќе застане само кога болката е неподнослива, кога проблемот е навистина сериозер, како што беше кај Ноле. Но, тоа е само дел од приказната.
-Да ве пушти некој во соблекувална првата недела на грен слем, ќе се изненадите колку тенисери имаат бандажирани зглобови и колкумина од нив всушност разговараат со тренерите кој е подготвен и кој може да издржи.