Засилувањето на Милан, Леонардо Бонучи изјави дека во новиот клуб ќе игра со поголема мотивација и борбеност од порано.
-Некои навивачи ме прашаа дали ќе бидам во состојба да го префрлам фокусот….со задоволство тоа ќе го направам и ќе се борам со поголема жар од кога и да било претходно, е пораката на Бонучи која ги налути навивачите на неговиот сега веќе поранеше клуб Јувентус.
30-годишниот италијански репрезентативец за сума од 40 милиони евра премина од Јувентус во Милан и е едно од најзвучните имиња во летниот преоден рок. Се очекува Бонучи да биде големо засилување во одбраната на „росонерите“.
Бонучи со Милан потпиша петгодишен договор.