Американецот Џастин Гетлин е новиот светски шампион на 100 метри. Тој имаше најбрзо време во финалето на најкуста делница на Светското првенство во Лондон – 9.92 секнди.
Целиот спортски свет со нетрпение ја исчекуваше финалната трка на 100 метри на Светското атлетско првенство кое се одржува во Лондон.
Причина за тоа е фактот што сите очекуваа величенствено простување од најдобриот спринтер на сите времиња, но неговиот најголем ривал, Џастин Гетлин го расипа целото шоу.
Второто место му припадна на неговиот сонародник Кристијан Колмен, а трет беше бранителот на титулата, Јамајканецот Усеин Болт. Колмен истрча за (9.94), а Болт го освои само бронзениот медал (9.95).
Британската публика го исвирка Џастин Гетлин и во полуфиналето и во финалето заради неговите допинг афери во минатото.