Болницата “Борка Талески” во Прилеп прерасна во современ здравствен центар (ФОТО)

Градоначалникот Марјан Ристески денеска ја посети болницата „Борка Талески“ која има сосема нов лик. Болницата е прерасната во современ здравствен центар, кој ги има добиено сите потребни услови за квалитетна здравствена грижа на граѓаните.

BeFunky Collage

„Во болницата во Прилеп во изминатите две години, направена е темелна реконструкција која, се нема случено од нејзиното пуштање во употреба во далечната 1980 година. Реконструирани се болничките одделенија, набавена е и современа медицинска опрема и тоа: 4 ехо апарати, нови оперативни светла во сите операциони сали, нови оперативни столови, мамограф, 10 пациент монитори, комплетно нова опрема за одделението за физикална медицина, нови јоги за сите болнички легла, апарат за анестезија, ЕКГ апарати, дефибрилатори, …. Реконструктивниот зафат на болничките одделенија опфаќаше комплетна реконструкција на подни и тавански површини, комплетна реконструкција на внатрешна и надворешна дограма, набавени се и нови униформи за вработените, комплетно се реконструирани и тоалетите, во поголемите соби во повеќето одделенија купатилата се опремени и со туш кабини и навистина оваа установа во моментот претставува една здравстевена установа со европски вредности, посочи во својата изјава директорот на боницата Петар Ристески.

20170709_121013

20170709_120002

20170709_115618

Градоначалникот Марјан Ристески посочи дека болницата „Борка Талески“ во изминатиот период била во една руинирана состојба, а преку заложбите на Локалната самоуправа, менаџерскиот тим на болницата и директорот оваа установа сега претставува една еминентна установа.

20170709_114743

20170709_114219

20170709_114206

„Во изминатиот период претходното Министерство за здравство, општина Прилеп како и здравствените домови во градот многу вложија во освоременување на објектите, набавување на нови апарати и возила. Со вкупна инвестиција од еден ипол милион евра беше реконструирана болницата, со шестотини илјади евра беше реконструиран Уредот и исто така и Центарот за Јавно здравје каде со неколку стотини илјди евра беше реконструиран и овој објект. Што значи со комплетно реконструирана болница, со комплетно реконструиран Здравстевен дом и Центар за јавно задравје, Прилеп денеска има поинаква слика за сите овие здравствени установи каде самите пациенти добиваат подобри здравствени услуги“, посочи градоначалникот Ристески во својата изјава.

20170709_113828

20170709_113120

Пациентите се презадоволни од новите услови во болницата, посочуваат дека во многу се подобрени условите за здравствено лекување, подобра и задоволителна храна, нови душеци, чисти простории, нови и чисти санитарни јазли, нови апарати и простории, кажаа пациентите кои беа хоспитализирани во болницата “Борка Талески“.

Според раководителот на Интерното одделение Трајче Ражаникоски, посочи дека состојбата во интерното одделение е на задоволително ниво.

20170709_112959

20170709_112939

„Интерното одделение е комплетно реновирано, моментално имаме вработено 50 лица, добивме нова апаратура каква што ни треба, но останува проблемот со дефицитарноста на лекарите, но доколку се упатат шесмината лекари на специјализација со плус тројца лекари кои во моментот се на специјализација, Прилеп обезбедува интерна заштита во наредните триесет години без никакви потреси, а наредните вработувања да бидат насочени кон другите одделенија каде навистина се потребни нови вработувања“, посочи Ражаникоски во својата изјава.

Директорот на болницата Ристески посочи дека болницата опслужува повеќе од 200.000 пациенти годишно.

20170709_112813

20170709_112803




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.