Боксерскиот клуб “AС” од Прилеп на Државното првенство во бокс доби државен првак (ФОТО)

На 1 и 2 јуни 2017 година во Штип се одржа Државното првенство во бокс на Република Македонија.

19758220_10155271769455926_1488519110_n

Боксерскиот клуб “АС” од Прилеп под водство на тренерот Ѓорѓи Чатлески учествуваше со 4 боксери.

Во кадетска конкуренција настапија:

Бојан Станојоски, Менан Амедоски и Стево Илиќ

Во сениорска конкуренција учевство зеде Ице Трајкоски.

За Кадетите Бојан Станојоски и Менан Амедоски во нивата категорија немаше пријавено боксери и не излегоа во рингот.

Во полу финалната борба во сениорска конкуренција -75 кг. тешкиот боксер Ице Трајкоски загуби на бодови од Алим Насуфи од БК “Чаир” .

19849011_10155271769505926_724139442_n

Во кадетска конкуренција +81 кг. успешно дебитираше боксерот Стево Илиќ, со убедлива победа над Серген Демиров од БК “Барала” од Штип и стана државен шампион на Македонија во бокс.

19848789_10155271769515926_1326232538_n

“Очекувавме уште 2 златни медали, штета што немаше противници за нашите боксери Бојан и Менан кои се во одлична форма.

На крајот од страна на претседателот на Б.Ф.М Игор Златков, беше доделена лиценца за национален тренер во бокс на тренерот Ѓорѓи Чатлески.

19849220_10155271769545926_470721889_n

Со ова првенство завршија активностите за летната сезона во бокс. Следното коло во бокс што ќе се одржи на почетокот на месец септември беше доделено на БК “АС” oд Прилеп за организатор”, истакна Дарко Чатлески од БК “АС” – Прилеп.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.