Бидете внимателни на овие места во Скопје: Напаѓаат разбојници со ножеви, мета им се деца

Пет кривични дела „разбојништво“ биле извршени вчеравечер во Скопје во периодот од 18 часот и 50 минути до 19 часот и 30 минути.

Полицискиот дневен Билтен во петте разбојништва како сторители наведува две непознати лица кои ограбувале луѓе заканувајќи се со нож.

Првото разбојништво се случило во 18 часот и 50 минути на булеварот „Партизански одреди“ кога на Т.Г. му биле одземени 300 денари и слушалки од мобилен телефон.

Околу 19 часот на булеварот „Партизански одреди“, во близина на Универзална сала, разбојништво било извршено над М.П. при што со закана со нож му биле одземени пари.

Околу 19 часот, на улицата „Даскал Камче“ две непознати лица со закана со нож извршиле разбојништво над С.С. и Д.Д., при што им одзеле околу 400 денари и побегнале.

Околу 19.30 часот на автобуската станица кај Трговскиот центар Буњаковец две непознати лица со закана со нож извршиле разбојништво над А.Р. одземајќи му околу 500 денари и побегнале.

Петтото разбојништво било исто така во 19.30 часот на улицата „Иван Козаров“ кога две непознати лица со закана со нож извршиле разбојништво над тројца малолетници, при што им одзеле 500 денари и побегнале.

Инаку, претходниот ден беше нападнато и младо момче во ГТЦ.

Во 13 часот во Полициската станица Центар, се јавил 22-годишниот М.А. од Скопје да пријави дека истиот ден околу 12 часот и 15 минути, во тоалет во Градскиот трговски центар, неколку непознати лица извршиле разбојништво над него.

Насилниците на младото момче му одземале 7.600 денари и картичка за автобуски превоз, по што побегнале.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.